Do you think that the student meal will be able to be used by those students who work and pay rent bills and do you think that the meal will increase? The state matriculation exam (which obviously does not work) should be abolished and education should be stabilized a little with salary and frivolity from underpaid professors and teachers.
https://i.redd.it/vlmi2imtpo8d1.jpeg
Posted by dammel6
10 Comments
Како до сега.
Очекувам да поминат многу дискутабилни тендерчина, да се рекламира колку ни е најдобар образовниот систем. Но, квалитетот на образовниот процес да продолжи да тоне како Титаник.
Izgleda kako da gi koristi samo pokazalcite koga pisuva na tastatura. Probuvam da zamislam kako vakvi kadri bi go predvodele obrazovanieto na generacii koi rastat so AI… get me out of here
Da namali 20 kg
Нема да ја укинат матурата, за жал. Треба млади луѓе да се поставуваат на вакви позиции, а не некој шо е заостанат со умот во социјализмот. Замина то време.
„Немаме намера да импровизираме во образованието. Имаме првичен и добар план за промени кои се креирани врз база на темелна анализа на моменталните состојби, во консултации со стручни лица и пошироката популација. Така што, од сите чинители на воспитно – образовниот систем очекувам поддршка за процесите кои предвидуваат крупни промени. Секако, во меѓувреме секоја сугестија ќе биде добредојдена“, рече Јаневска.
1. Кога успеаја да направат „темелна анализа“? Што опфаќа таа нова неимпровизација за подобрување? Кои се бе овие изјави „округло, па на ќоше“?
2. Има ли некаков начин да се направи „скрининг“ на веќе постоечкиот персонал вработен во образовни институции? Може ли да се најде механизам за да се решиме од одвратно неписмени наставници/професори, партиски полтрони, незаинтересирани моми што побитно им е да резервираат сепаре у Интермецо отколку да ги образуваат децата? (знам дека НЕМА, си бладам така ко чукната)
3. Да се укине државна матура, ама под НАЈИТНО
Очекувам:
* Навреме учебници/свидетелства/слично во основно и средно
* Помалку дигитализирано образование во основните училишта
* Подобрување на условите во основните и средните училишта, посебно во помалите градови и селата
* Поголем број и повисоки стипендии во високото образование
[Според Википедија](https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0_%D0%88%D0%B0%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B0) новата министерка е патолог и професор на факултетот за Медицина и има некое искуство од [образование и наука](https://mon.gov.mk/page/?id=7). Сепак мислам дека ќе беше подобро на позицијата да дојди некој кој има работено во основно или средно образование каде се поголемиот дел од проблемите.
Моето првично мислење е дека дел од кадровските решенија од ВМРО за министерските позиции се слаби и мислам дека можеа многу подобро. Сепак за работата на новите министри ќе се воздржам да коментирам првите 4-5 месеци.
Беше задолжена за пропаднатиот попис пред 10+г, се потрошија еден куп пари без резултат. Не одговараше за тоа. Така да очекувањата конкретно од нејзе не се баш големи.
Дај боже да изненади позитивно.
Да го допотоне веќе потонатото образование.
Да се пензионира догодина.